Основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос (59 г.), и неговата девојка Лорен Санчез (53 г.) решиле одморот да го поминат на неговата луксузна јахта вредна 500 милиони долари во близина на Мајорка, Шпанија.
Двојката била забележана како го впива сонцето на палубата, а Лорен Санчез изгледала како „пепелашка“ во минијатурните розови бикини кои прекрасно ги истакнуваат нејзините претрупан облини. Третиот најбогат човек на светот се шетал со голи гради и откопчана бела дуксера и светло сини гаќички за капење, а како што пишуваат светските магазини, изгледа тој и понатаму редовно ја посетува теретаната.
Патем, парот уживал на својата нова јахта, која претходно беше позната како Y721 или Project 721, а сега се вика Koru, што значи „нови почетоци“. Јахтата има тројни јарболи, а годишниот трошок за одржување на ваков луксузен „ѕвер“ е 25 милиони долари.