Сопственикот на компанијата Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, во друштво на неговата свршеница Лорен Санчез, пејачката Кејти Пери и нејзиниот сопруг актер Орландо Блум, како и пејачот Ашер, ТВ водителот, авторот и инфлуенсер Дерек Балсберг прошетаа по Хрватска односно областа Страдун и отпловија до Дубровник на мега-јахтата на милијардерот.
Во друштвото на Џеф Безос имало и некои непознати лица за јавноста, а Ашер се дружел со една таква убавица додека уживаат во убавините на Дубровник.
Ашер шеташе низ градот во кошула со шарен дезен, бели панталони, додека неговата пријателка беше облечена во бело и носела златен накит и црни сандали и чанта.
Кејти Пери и Орландо Блум уживале во шетање и дружење со пријателите. За потсетување, двојката имаше турбулентна врска со прекини и помирувања која трае од 2016 година, кога се запознаа на забава по доделувањето на наградите „Златен глобус“.
Суперјахтата „Cora“ на Џеф Безос вреди 500 милиони долари, а моментално е закотвена кај островите Елафити во близина на Дубровник. Актерката Деми Мур исто така пред неколку дена беше видена на јахтата.