Центарот ќе биде лоциран во монументална кугла која ќе зафаќа 27.000 квадратни метри површина во делот на Ријад кој се нарекува непрофитен град на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Во главниот град на Саудиска Арабија се гради џиновски центар за научни откритија и иновации по име Илми или преведено од арапски „моето знаење“ . Основната цел на овој центар е да ги поттикне младите да истражуваат, креираат и решаваат предизвици на практичен начин.
Тоа треба да им помогне на младите да научат за основните состојки на нашите животи – енергијата, материјата и податоците, но и принципите и процесите што ги објаснуваат и поврзуваат, преку три тематски изложби именувани: нашиот свет, ние и нашите пронајдоци.
Илми ќе се фокусира на теми како вселената, екосистемот и вештачката интелигенција. Тоа ќе биде простор кој ќе вклучува различни настани, предавања, разговори и програми на дадена тема, но ќе нуди и интерактивни платформи за учење.
Центарот ќе биде лоциран во монументална топка која ќе зафаќа 27.000 квадратни метри површина во делот на Ријад кој се нарекува непрофитен град на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман . Се верува дека ќе стане препознатлив симбол на целото кралство.
Планот е да се интегрира центарот со неговата природна околина користејќи локално достапни материјали. Планираниот центар Илми треба да биде отворен до 2025 година .