Мет Лебланк му оддаде трогателна почит на Метју Пери – две недели по неговата ненадејна смрт на 54-годишна возраст што ги шокираше речиси сите обожаватели на култната и безвременска серија „Friends“ („Пријатели“).
Еден од омилените „пријатели“ на обожавателите, Мет Лебланк (56 г.), кој во „Friends“ го играше ликот на најдобар пријател Метју Пери, Чендлер Бинг, Џои Трибиани, напиша трогателна порака на социјалната мрежа Инстаграм:
„Метју. Со тешко срце се збогувам. Моментите што ги поминавме заедно се искрено меѓу омилените моменти во мојот живот. Никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај, брату, конечно си слободен. Ти испраќам многу љубов“, напиша Мет Лебланк, завршувајќи ја пораката со шега: „И претпоставувам дека ќе ги задржиш 20-те долари што ми ги должиш…“.
Заедно со текстот, Мет Лебланк објави трогателна фотографија од целата екипа на „Friends“ – во која се и Џенифер Анистон (54 г.), Дејвид Швимер (57 г.), Лиза Кудроу (60 г.) и Кортни Кокс (59 г.) во прегратка со Метју Пери на сет од финалето на серијата во 2004 година, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.
За потсетување, Метју Пери беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом во Пацифик Палисадес во саботата на 28. октомври. Иако се уште се истражува точната причина за неговата смрт, се верува дека тој починал од срцев удар.