Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со двете американски државјанки кои беа ослободени од Хамас.
Објавата на американската амбасада во Ерусалим на социјалната мрежа Х (Твитер), откри дека мајката и ќерката, Џудит и Натали Раанан, разговарале телефонски со претседателот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Заедно со фотографијата на мајката и ќерката на телефон со претседателот, амбасадата порача:
„Ќе продолжиме да правиме се што можеме за повторно да ги обединиме сите заложници со нивните најблиски“.