Во просториите на полицијата во Котор, Црна Гора, на 30. јули 2020 година, двајца полициски инспектори организирале оргии со две жени, при што го известиле полицаецот Љубо Миловиќ, кој е обвинет дека е член на врвот на криминалниот клан Кавачки за сексуалната активност, пишуваат црногорските медиуми.
Црногорскиот веб-сајт Borba.me наведува дека дошле до фотографиите кои се дел од досието кое Европол го доставило до надлежните органи за прислушуваните пораки.
Една од двете жени од фотографиите била во центарот на афера една година претходно кога осуденик, кој ја издржувал казната во специјална болница за психијатрија во Котор, објавил фотографија на која тој е во болничка соба со една гола и уште една делумно гола жена, која е облечена во униформа на здравствен работник.
На фотографиите кои ги објави Borba.me јасно се гледаат непримерните постапки во полициската станица, а сето тоа е придружено со пораките кои еден од инспекторите му ги испратил на Љубо Миловиќ.
Фотографиите можете да ги погледнете ОВДЕ, но ве предупредуваме дека содржат експлицитна содржина и се наменети само за лица над 18 години!