ФОТО (18+) | КРВТА НЕ Е ВОДА – Храбра исто како нејзината позната мајка: Ќерката на Мадона пристигна на црвениот тепих во проѕирен фустан и ги покажа своите голи гради

Лурд Леон ги следи стапките на својата позната мајка Мадона кога станува збор за провокативно облекување. 

Така во четвртокот, таа и се придружи на модната елита на овогодинешниот Vogue Fashion Night Out во Мадрид, пристигнувајќи на црвениот тепих во смел проѕирен фустан со црно-бели хоризонтални риги и дезен во јапонски стил.

Лурд Леон

Според Daily Mail, манекенката (26 г.) имала само минијатурна црна танга под таа креација. Долгиот фустан ги разоткри и рамениците на Лурд Леон. Покрај тоа, таа носеше црна кожна чанта со сребрени синџири и тренди црни кожени чизми со потпетица. 

На почетокот на овој месец, Лурд Леон уживаше во модната недела во Њујорк. Таа присуствуваше на бројни модни ревии и престижни настани, вклучувајќи го и лансирањето на „The Tour“ на Victoria’s SecretЛурд Леон ќе го претставува брендот заедно со голем број други убавици на модната ревија на линијата долна облека. 

Лурд Леон

Инаку, Лурд Леон неодамна проговори за тоа како е да се расте како дете на една од најпознатите личности во светот.

Се сеќавам дека наидов на неволја затоа што мочав на еден многу важен документ на мајка ми во нејзината канцеларија. Таа не ми обрнуваше внимание и јас само се стуткав…“, откри таа за The Face

И покрај тој изолиран инцидент, најстарото дете на кралицата на попот било, вели таа, добро дете.

Мислам дека ќе бев претепана ако не се однесував добро. Манирите беа многу важни за моето семејство додека растеше“, открила таа. 

Лурд ЛеонМадридмода