За само 12 часа на повеќе од три милиони луѓе им се допаднаа новите фотографии на Меган Фокс, поранешната ѕвезда на Transformers, која продолжува да споделува фотосесии од шумата, а овој пат покажа буквално се.
За секси сцените на 37-годишната актерка овој пат е заслужна фотографката Сибел Леви, а Меган Фокс е фотографирана во проѕирен влажен фустан под кој и се гледаат голите гради. Странските таблоиди сега дебатираат дали социјалната мрежа Инстаграм ќе ги избрише нејзините фотографии бидејќи нејзините брадавици се јасно видливи.
„Поради тебе ќе станам лезбејка“, и напишала една следбеничка под објавата.
Погледнете ги останатите фотографии на Меган Фокс ОВДЕ.
По љубовната драма со вереникот Машинган Кели, Меган Фокс не престанува да објавува провокативни фотографии, а иако и тој и одговори во коментарите, обожавателите најчесто го напаѓаат или игнорираат, очигледно убедени дека ја изневерил, што предизвикало нивно раскинување и кавга.
Во меѓувреме, шумската фотосесија предизвика десетици илјади позитивни коментари од обожавателите, а актерката влезе во врска со Машинган Кели по раскинувањето со Брајан Остин Грин, поранешна ѕвезда на тинејџерската серија „Бевери Хилс“.