Телевизија Телма објави видео на кое се гледа местото каде е погребан велешкиот фризер Панче Жежовски (74 г.) кој беше убиен од истите лица како и 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Панче Жежовски имал долг од 500 евра, а истрагата тоа го гледа како можен мотив за убиството.
„Мотив за убиството на Панче Жежовски бил должничко-доверителска врска со еден од осомничените. Панче на еден од осомничените му должел 500 евра и на тој начин бил избран за жртва од која ќе биде одземен автомобилот и девојката киднапирана“, изјави Гаврил Бубевски, главниот државен обвинител.
Телото на Панче Жежовски, според МВР е пронајдено во околината на Велес.