Девојката на поранешниот играч на Барселона, Марк Бартра, Џесика Гоикоче, повторно ги разгоре социјалните мрежи со многу жешки фотографии.
Социјалната мрежа Инстаграм на момент се „запали“, толку многу што секој коментар што го добиваше на провокативната објава беше проследен со зборови и пламен (емотки). Џесика Гоикоче (26 г.) буквално ги разнесе социјалните мрежи со уште еден сет „забранети“ фотографии, а нејзината објава можете да ја погледнете ОВДЕ (18+).
Русокосата убавица со години работи како модел. Ппанката има 1,8 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Џесика Гоикоче има 26 години и редовно ги радува своите обожаватели со жешки фотографии.
Во меѓувреме, партнерот на убавицата, Марк Бартра (32 г.) е фудбалер на Бетис, но моментално е на листата на повредени, бидејќи е на терапија за ахиловата тетива.
32-годишниот фудбалер ја започна својата кариера во Барселона и помина шест години во првиот тим по цела деценија во младинскиот тим.
Поранешниот шпански репрезентативец Марк Бартра играше во првиот тим на Блауграна покрај легендите како Лионел Меси и Чави.
Потоа, кариерата надвор од Шпанија ја изгради во Германија во Борусија Дортмунд и во Турција во Трабзон Спорт.
Пред Џесика Гоикоче, Марк Бартра беше во среќен брак со спортската новинарка Мелиса Хименез од 2017 до 2022 година. Од тој брак се родиле три деца, две девојчиња Гала (8 г.) и Абрил (5 г.), како и синот Макс (4 г.).