Стотици Палестинци загинаа во синоќешниот воздушен напад врз болница во Појасот Газа.
Палестинските власти соопштија дека Израел ја погодил болницата, а министерот за здравство на палестинската управа го обвини Израел за „масакр“. Меѓутоа, Израел тврди дека експлозијата во болницата „Ал-Ахли ал-Араби“ е поради неуспешното лансирање ракета од страна на палестинската група Исламски Џихад, која ја негираше одговорноста.
Медиумската агенција Reuters не може независно да ги потврди тврдењата за катастрофа што го запали регионот кој веќе е во криза откако Хамас изврши прекуграничен напад во јужен Израел на 7. октомври, во кој загинаа најмалку 1.300 луѓе.
Портпаролот на палестинското министерство Ашраф Ал Кудра изјави дека спасувачите се уште извлекуваат тела од урнатините.
Странските медиуми објавија снимка од спасувачите кои ги пребаруваат урнатините по преживеани, а крв има насекаде. Првиот човек на цивилната одбрана на Појасот Газа изјави дека бројот на загинати е 300, додека извори од Министерството за здравство на Појасот Газа тврдат дека бројката е 500.
Амбулантните возила и автомобилите пренесоа околу 350 жртви од болницата „Ал-Ахли“ во главната болница во градот Газа, болницата „Ал-Шифа“, која веќе беше преплавена со ранети од други израелски воздушни напади.
„Жртвите пристигнале со страшни повреди“, изјавил Ашраф ал Кидра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа.
Некои од нив биле обезглавени, исцрпени или без екстремитети.
Докторите во преполната болница прибегнаа кон операции на подови и ходници, главно без анестезија.
„Ни треба опрема, ни требаат лекови, ни требаат кревети, ни треба анестезија, ни треба сè“, изјавил Абу Селмија за AP News.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека е „згрозен“ од веста за стотици луѓе убиени во напад врз болница во вторникот.
Антонио Гутереш апелираше до Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците, а до Израел веднаш да обезбеди неограничен пристап до хуманитарна помош за Појасот Газа.
Пред нападот на болницата, здравствените власти во Појасот Газа соопштија дека најмалку 3.000 луѓе загинале во 11-дневното бомбардирање на Израел што започна по нападот на Хамас што го изненади Израел и доведе до тоа што речиси 200 луѓе беа одведени во Појасот Газа како заложници.
Израелската Армија во средата ги повика жителите на градот Газа да се преселат на југ, велејќи дека постои „хуманитарна зона“ со достапна помош во Ал-Маваси, 28 километри подолу од брегот од палестинската енклава.
Иран, кој ги поддржува Хамас, Исламскиот Џихад и исламистичката група Хезболах со седиште во Либан, го предупреди Израел на ескалација доколку не ја прекине својата агресија врз Палестинците.