ФОТО | 500 ДЕЦА УБИЕНИ ЗА 500 ДЕНА ВОЈНА ВО УКРАИНА! Обединетите нации објавија колку цивили досега го загубиле животот – црниот биланс повторно расте!

Обединетите нации (ОН) укажаа на голем број цивилни жртви во војната во Украина, која трае веќе 500 дена.

Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина објави дека повеќе од 9.000 цивили, меѓу кои 500 деца, загинале од почетокот на руската инвазија на Украина која започна на 24. февруари 2022 година.

Обележуваме нова црна етапа во војната која продолжува да зема страшни жртви меѓу украинските цивили“, изјавил Ноел Калхун, помошник директор на Мисијата на ОН за човекови права во Украина во соопштението објавено по повод 500-тиот ден од војната.

Набљудувачите констатираа дека, иако оваа година бројот на жртви е помал во просек од 2022 година, тој повторно почнал да расте во мај и јуни оваа година. Се известува дека 13 цивили, меѓу кои четири деца, биле убиени во ракетен напад врз Краматорск, град во источна Украина, на 27. јуни.

Далеку од линијата на фронтот во Лавов, на запад, десет луѓе беа убиени во гранатирање рано наутро во четвртокот, во, како што кажа градоначалникот, најголемиот напад врз цивилната инфраструктура од почетокот на инвазијата.

Во тој напад се ранети 42 лица, меѓу кои и три деца, се наведува во извештајот на Министерството за внатрешни работи на Украина објавен во петокот.

УНЕСКО соопшти дека нападот е и прв на зона заштитена со Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство и дека во неа е оштетена историска зграда.

Градовите Буча, на северот на земјата недалеку од Киев, и Мариупол на југоисток, станаа симболи на нападите во 2022 година, за кои Русија е обвинета за воени злосторства и геноцид.

војнадецаОбединети нацииРусијаУкраина