ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Продолжува хаосот по убиството на млад човек, 40.000 полицајци на улица

Властите во северниот француски град Компиењ воведоа полициски час до понеделник за малолетници помлади од 16 години и малолетници без придружба поради немирите во земјата по убиството на 17-годишно момче од страна на полицијата, пренесе агенцијата Франс прес.

Претходно, властите на градот Кламарт, кој се наоѓа во близина на Париз , каде што дојде до бунт по убиството на тинејџер од страна на полицијата во Нантер, најавија воведување ноќен полициски час до понеделник.

Полицискиот час е на сила од 22 до 6 часот, а ќе важи до понеделник.

Во вторникот наутро, полицајци застрелаа и убиле 17-годишно момче Наел М. (17), за кое полицијата соопшти дека одбил да ги исполни нивните барања во Нантер, предградие западно од Париз.

Поради тоа, во голем број градови избувнаа немири кои траеја два дена. Младите запалија автомобили, полициски и владини згради. Министерството за внатрешни работи во четвртокот наутро извести за приведување на 150 лица.

Француското знаме денеска беше искинато во Нантер, додека претседателот Макрон нареди дополнителни 40.000 полицајци да излезат на улиците.

Полицаецот кој пукал во тинејџерот е обвинет за убиство од прв степен.

Француските власти ги повикаа граѓаните на „смирување“, истовремено барајќи правична истрага за случајот. Францускиот претседател го нарече инцидентот „необјаснив и непростлив“, додавајќи дека „ништо не ја оправдува смртта на еден млад човек“. Премиерот рече дека полицијата дејствувала „надвор од границите на дозволеното“.