– Франција, Германија, Италија и Полска се согласија да соработуваат за развој на крстосувачка ракета со долг дострел, изјави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну.
Лекорну на платформата Х објави дека министрите за одбрана на четирите земји на маргините на самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон потпишале заедничко писмо со намера за проект.
„Војната во Украина покажува дека ударите од долг дострел се клучно прашање за одбраната на Европа“, рече Лекорну.
Тој додаде дека писмото за намера е потпишано за „иницирање соработка во оваа област преку мобилизирање на нашата европска одбранбена индустрија“.