Франција забрани домашни летови на куси релации

Одлуката, што ќе биде во сила три години со цел намалување на емисијата на јаглен, објавена е во Службениот весник на Франција.

 Во Франција во сила стапи забраната за летови на кратки релации за кои се достапни возови.

Одлуката, што ќе биде во сила три години со цел намалување на емисијата на јаглерод, објавена е во Службениот весник на Франција.

Со оваа уредба се забрануваат летовите за кои постои можност за патување со воз за помалку од два и пол часа.

Министерот за сообраќај на Франција, Клеман Бон, го пофали овој чекор, истакнувајќи дека тоа е силен показател во рамките на политиката за намалување на емисијата на јаглерод.

Со овој документ ќе бидат суспендирани летовите меѓу Париз и регионалните центри, како што се Нант, Лион и Бордо.