Франција започна итна евакуација на граѓаните од Нигер: “Полета првиот авион со 262 лица!“

Франција започна да ги евакуира француските и европските граѓани од Нигер по минатонеделниот воен удар, при што првиот авион со 262 лица полета од главниот град Ниамеј, потврди за медиумите во вторникот вечерта француската министерка за надворешни работи Катрин Колона. „На летот има 12 бебиња“, вели таа.

Речиси сите патници се Французи, а има и неколку европски државјани“, додала таа, а пренесува медиумската агенција AFP.

Според францускиот Генералштаб, вториот авион треба да полета во текот на ноќта, а наводно е достапен и трет авион.

Франција, исто така, понуди да ги евакуира луѓето од другите европски земји. Министерството за надворешни работи на Германија претходно ги советуваше Германците во Нигер да ја прифатат понудата.

Официјален Париз соопшти дека ги евакуира своите граѓани откако воздушниот простор на Нигер беше затворен, оставајќи ги луѓето во опасност да бидат заробени во земјата.

Во претходните денови имапе низа на насилни протести за поддршка на воениот удар во кој офицерите на елитната единица на генералот Омар Тчиани го соборија претседателот Мохамед Базум минатата среда.

Франција не ги признава новите владетели и повикува на враќање на уставниот поредок околу демократски избраниот Мохамед Базум.

АфрикаНигерФранција