Француските власти уапсија двајца патници во авион за Никарагва, осомничени дека превезувале повеќе од 300 индиски патници, потенцијални жртви на трговија со луѓе.
Ербасот 1340 полета од Обединетите Арапски Емирати, но слета на францускиот аеродром Ватри за техничко запирање.
По анонимната објава дека превезува патници „најверојатно жртви на трговија со луѓе“, француските власти го спречија.
Полицијата извршила проверка на условите во кои се превезувале патниците, меѓу кои и малолетници, при што уапсила двајца осомничени.
Сега случајот го истражува Националната единица против организиран криминал, JUNALCO, пренесува France24.
French authorities informed us of a plane w/ 303 people, mostly Indian origin, from Dubai to Nicaragua detained on a technical halt at a French airport. Embassy team has reached & obtained consular access. We are investigating the situation, also ensuring wellbeing of passengers.
— India in France (@IndiaembFrance) December 22, 2023
Се тврди дека патниците планирале да патуваат во Централна Америка, за потоа да се обидат да влезат во САД или Канада.
По слетувањето во Франција, на аеродромот останале цела ноќ бидејќи полицијата ја презела контролата врз земјата и не дозволувала ниту влез ниту излез.
Авионот А340 со кој патувале бил управуван од романската компанија Леџенд ерлајнс.
Според адвокатот на авиокомпанијата, Лилијана Бакајоко, компанијата не направила никакво злосторство и стои на располагање на француските власти.
На граничната полиција и е дозволено да задржува странски државјанин до четири дена доколку слета во Франција и не смее да отпатува до наменетата дестинација.
Францускиот закон дозволува овој рок да се продолжи на осум дена доколку го одобри судијата, а потоа уште осум дена во исклучителни околности, до максимум 26 дена.
Трговијата со луѓе носи можна казна до 20 години во Франција.