Француската влада одвои 200 милиони евра за уништување на вишокот вино и поддршка на производителите.
Ова доаѓа откако индустријата се соочи со неколку проблеми, вклучително и намалената побарувачка за вино бидејќи се повеќе луѓе во Франција пијат занаетско пиво. Прекумерното производство и кризата на трошоците за живот се одразуваат и на индустријата.
Поголемиот дел од 200 милиони евра ќе бидат искористени за откупување на вишокот производи, каде што алкохолот се продава за употреба во производи како што се средства за дезинфекција на раце, производи за чистење и парфеми.
Во обид да се намали хиперпродукцијата, лозарите ќе имаат пари на располагање и да се префрлат на други производи, како што се маслинките.
„Со вбризгување пари во индустријата, француската влада има за цел да го запре падот на цените за производителите на вино да можат повторно да најдат извори на приход“, рече министерот за земјоделство Марк Феснео.
И покрај финансиската помош, првичниот фонд на ЕУ од 160 милиони евра, кој француската влада го зголеми на 200 милиони евра, винската индустрија мора „да гледа кон иднината, да размислува за промените на потрошувачите и да се прилагоди“, додаде тој.
Податоците на Европската комисија до јуни покажуваат дека потрошувачката на вино е намалена за 7 отсто во Италија, 10 отсто во Шпанија, 15 отсто во Франција, 22 отсто во Германија и 34 отсто во Португалија, додека производството на вино во целиот блок се зголемило за 4 отсто.