Французинка ја тужеше компанијата која и плаќала да не прави ништо цели дваесет години

Французинката Лоренс Ван Васенхов го тужеше телекомуникацискиот гигант Оранж за „морална штета и дискриминација“, тврдејќи дека била платена 20 години, но не и биле дадени работни обврски.

Таа беше ангажирана во 1993 година додека компанијата работеше под друго име, пренесува odditycentral.

Оригиналниот работодавец бил свесен дека Лоренс боледува од хемиплегија и епилепсија, па ѝ била понудена позиција прилагодена на нејзината здравствена состојба.

Работела како секретарка до 2002 година, кога побарала трансфер во друг регион на Франција. Барањето било одобрено, но новото работно место, како што тврди, не одговарало на нејзините потреби.

И покрај тоа, компанијата на вработената и исплатила целосна плата за следните 20 години.

Лоренс апелираше до државата и организацијата за антидискриминација, додека Оринџ назначи посредник да ја реши ситуацијата.

„Да се ​​биде платен, дома и да не се работи не е привилегија. Многу е тешко да се поднесе“, рече таа.

Работите очигледно не се сменија, бидејќи платата продолжи да доаѓа, но не и работните обврски.

Адвокатите на тужителката тврдат дека телекомуникацискиот гигант на овој начин „се обидел да ја принуди да си замине“.

Таа поднела тужба против фирмата и четворица управители за морална повреда и дискриминација при работа поради нејзината здравствена состојба“, рече адвокатот.

Тој тврди дека жената страда од депресија поради тешките и изолирачки околности.

„Да се ​​работи за лице со попреченост значи дека има место во општеството. Запознавање. Социјалните врски што се создаваат“, додаде таа.

Францускиот весник „Ла Депеш“ стапил во контакт со Оранж и како одговор се вели дека „направено е се за Лоренс да работи во најдобри можни услови“.

Компанијата тврди дека ја земала предвид „социјалната состојба“ на жената и дека постојано и ја исплаќала платата.

Било планирано и „враќање на адаптирано работно место“, но тоа не се реализирало бидејќи таа редовно била на боледување.