Здравствената состојба на српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ наводно е една од причините поради кои Пари Сен Жермен се откажа од доведувањето на фудбалерот.
RMC Sport открива дека младиот српски голгетер има хронична пубалгија и дека поради тоа пропуштил голем број на натпревари минатата сезона.
„Здравјето на Србинот е под знак прашалник. Тој боледува од хронична пубалгија, поради што пропушти десет натпревари со Јувентус од Торино минатата сезона. Таа ситуација ги загрижува клубовите кои се подготвени да инвестираат во српскиот гигант: Баерн Минехн и ПСЖ“, пишува весникот.
Што е пубалгија ?
Пубалгија е всушност остра болка во препоните и е доста честа кај спортистите, особено кај фудбалерите кои носат најголем товар во таа област.
Тоа е многу карактеристична болка која се јавува во пределот на препоните и долниот дел на стомакот. Кога повредата се влошува, болката станува поакутна и почнува да се шири на другите мускули. Дури и тестисите често се погодени од оваа непријатност.
Главната причина за пубалгија е повтореното дејство на целиот комплекс на лигаменти, мускули и коски кои се спојуваат помеѓу двете срамни коски. Спротивното дејство на стомачните мускули и мускулите на нозете може да создаде долгорочен ендем на погодената коска и тетиви.