Французите ја потврдија долгоочекуваната трансфер бомба: Мбапе преминува во Реал!

Вечерва е потврдена веста која навивачите на Реал Мадрид ја чекаа со месеци, а Килијан Мбапе сигурно на лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид!
Ова вечерва го потврди угледниот француски весник Le Parisien кој објави дека Мбапе ја донел конечната одлука да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната и да премине во Реал Мадрид.
Мбапе во Кралскиот клуб ќе пристигне како слободен фудбалер бидејќи на крајот од сезоната му истекува договорот со Парижаните, кој нема да заработи ниту цент од неговото заминување.

На почетокот на неделава беше објавена веста дека Мбапе ќе има плата од само 15 милиони евра годишно во Реал, но ќе има 60 отсто од своите авторски права, на што Реал се согласи и направи преседан бидејќи такво нешто не е можно за никој фудбалер.

Мбапе е член на ПСЖ во 2018 година, кога го купија од Монако за 180 милиони евра.

Мбапе досега за ПСЖ одигра 288 натпревари, постигна 241 гол и забележа 105 асистенции, а со овој клуб шест пати беше шампион на Франција.