Француски весник тврди дека саудиски Ал Хилал ќе го донесе Нејмар.
Бразилската фудбалска ѕвезда на Париз Сен Жермен (ПСЖ) ќе му се придружи на саудискиот тим за 80 милиони евра, објави денес весникот „Л’Екип“.
Францускиот весник наведува дека 31-годишниот напаѓач веќе го договорил двегодишниот трансфер.
Откако му се приклучи на ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра, Нејмар одигра важна улога во клубот во освојувањето на пет титули во француската Лига 1 во 2018, 2019, 2020, 2022 и во 2023 година.
Нејмар, исто така, му помогна на ПСЖ да дојде до своето прво финале во Лигата на шампиони на УЕФА во 2020 година.
Во својата досегашна кариера играше за Сантос, Барселона и Париз Сен Жермен. Во дресот на репрезентацијата на Бразил во 124 настапи постигна 77 гола.