Фронтменот на познатата група ‘Ролинг Стоунс’ го прославува својот 80-ти роденден со спектакуларна забава и во негов стил: “Годините се само број!“

Иако денес ќе зачекори во деветтата деценија од животот, за Мик Џегер годините дефинитивно се само бројка. Всушност, тој планира да го прослави својот 80-ти роденден во свој стил, на спектакуларна забава во западен Лондон во една од најстарите ботанички градини, на која, според странските медиуми, ќе присуствуваат околу 300 гости.

Наполни 80 години, тоа е голема пресвртница за секого и за Мик Џегер, кој сака да организира забава која никој нема да ја заборави“, открил неименуван извор за странските магазини.

Познатиот рокер минатата година ја помина на јубилејната турнеја на своите Ролинг Стоунс, со која одбележаа 60 години од нивната импресивна кариера, а изгледа дека се уште нема намера да забави.

Не мислам дека уживањето во животот е ексклузивна привилегија на младите… Не мислите ли дека понекогаш е паметно да не пораснете ?“, изјавил фронтменот на групата во пресрет на неговиот роденден.

Инаку, Мик Џегер неодамна се сврши со поранешната балерина Мелани Хемрик, која е 43 години помлада од него, но многумина веруваат дека венчавката нема никогаш да се случи. Двојката се запознала на концертот на Ролинг Стоунс во Токио во 2014 година, а потоа се заљубиле, иако пријателите на пејачот открија дека се во отворена врска, па дури и дека Мелани Хемрик ги избира љубовниците на Мик Џегер. Пред шест години, тие го добија синот Деверу, кој е осмото дете на Мик Џегер, а тој има уште седум деца со пет различни жени, а има и пет внуци и една правнука.

животзабаваМик Џегер