Фројд е еден од најпознатите психијатри, но и татко на психоанализата, а зад себе оставил бројни мудри реченици кои и денес ги користиме со задоволство.
Интересно е тоа како неговите ставови се однесувале на луѓето во времето во кое тој живеел, а колку ништо помалку не се применуваат ниту денес.
Еден од нив е многу интересен и се однесува на глупавите луѓе.
Фројд еднаш кажал:
„Првиот знак на човековата глупавост е целосното отсуство на срам“.
Според тоа, доколку се најдете во ситуација да се чудите на нечија постапка или однесување генерално или да ви е срам поради нечија изјава или став, веднаш треба да сфатите за каква личност станува збор и со кој си имате работа.
Луѓето кои не можат да се пофалат со претерано висока интелигенција, често ќе настојуваат да ве понижат или да ги направат бесмислени вашите ставови и размислувања. Во таква ситуација вие никако не треба да им се докажувате, ниту да се нервирате.
Вие доколку сакате може да ѝ помогнете на таквата личност да сфати некои работи, но во тоа не треба да претерувате затоа што некои луѓе едноставно одбиваат да признаат дека не се во право. Во спротивно, само тргнете се од таквите луѓе.
Исто така пред таквите луѓе не треба ниту да ги спуштате своите критериуми и да правите работи кои тие ги сакаат. Заради нечие прифаќање и доверба не треба да ја спуштате цената на своето достоинство.