Интересно е како неговите ставови важеле за луѓето од времето во кое живеел, а не се помалку применливи ниту денес.
Фројд, еден од најпознатите психијатри, но и татко на психоанализата, оставил зад себе бројни мудри реченици, кои луѓето денес ги користат, препознавајќи ги различните маани на човечката раса околу себе.
Интересно е како неговите ставови важеле за луѓето од времето во кое живеел, а не помалку се применливи и денес. Еден од нив, многу интересен, се однесуваше и на глупави луѓе. Фројд еднаш рекол:
„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“.
Затоа, кога ќе се најдете во ситуација кога сте изненадени од нечии постапки или однесување воопшто, или сте засрамени од нечии изјави или ставови, веднаш треба да разберете со каква личност си имате работа.
Луѓето кои не можат да се пофалат со претерано висока интелигенција често ќе се обидат да ве понижат или да ги обесмислат вашите ставови и размислувања. Во таква ситуација не треба да им се докажувате, ниту пак да се нервирате.
Ваше е да и помогнете на таа личност да разбере некои работи ако сакате, но не треба да претерувате, бидејќи некои луѓе едноставно одбиваат да признаат дека грешат. Во спротивно, држете се настрана. Исто така, пред такви луѓе не треба да ги намалувате критериумите и да правите работи што тие сакаат. Заради нечие прифаќање и доверба, не треба да ја намалувате цената на вашето достоинство.