Реал Мадрид се најде во неочекуван проблем поради невниманието на младиот француски фудбалер Едуард Камавинга, кој носеше очила од познатиот бренд Најк, а нивниот изглед ги воодушеви неговите соиграчи, па сите се сликаа како ги носат.
Немаше да има никаков проблем доколку партнер на Реал Мадрид не беше Адидас на кој Најк му е најголем конкурент на пазарот, а со германскиот бренд Кралскиот клуб соработува дури 25 години.
Колажот од фотографии од соиграчите што Камавинг го направи и објави на Инстаграм по одредено време е избришан, а не се знае дали Французинот ќе сноси одредени последици за овој потег со кој Реал Мадрид ги прекрши правилата од спонзорскиот договор со Адидас.
Адидас е спонзор на Реал Мадрид од 1998 година, а клубот по тој договор годишно заработува 120 милиони евра од стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Инаку, Реал Мадрид во средата го совлада Наполи со 4:2 во натпреварот од Лигата на шампионите, а следниот натпревар кралскиот тим го игра против Гранада на домашен терен в сабота.