Поранешниот напаѓач на фудбалскиот клуб „Квант“ од Обнинск во Русија, Виталиј Мељников е осомничен дека до смрт го мачел бизнисменот Самрат Јавадов.
Бизнисменот исчезна во ноември. Според истражителите, поранешниот спортист, заедно со петмина соучесници, го однеле мажот во шумата, каде што го мачеле и го снимале. Јавадов изгубил свест, по што напаѓачите го напуштиле. После тоа, од здобиените повреди бизнисменот починал.
Вториот осомничен е поранешниот мечувалец Дмитриј Мојсеев, кој се пензионираше во 2022 година.
Мајката на жртвата верува дека нејзиниот син паднал во „лошо друштво“. Киднаперите и’ побарале пет милиони рубљи за откуп.
Одделот на Истражниот комитет за Московскиот регион соопшти дека во Домодедово за убиство се обвинети шест жители на регионот Калушка, при што е избрана превентивна мерка во форма на притвор.
– На 31.10.2024 година, во вечерните часови, соучесниците, наоѓајќи се во шумата во близина на градскиот кварт Чехов, тешко претепале маж. Откако изгубил свест, пријавениот побегнал и го оставил во шума. Жртвата од здобиените повреди починала на местото на злосторството – се вели во соопштението.
Телото на бизнисменот го пронашла неговата мајка, која ја разбарувала шумата со пријателите на убиениот.
– На неговата слепоочница се гледаше крв. Веднаш била повикана полиција и итната помош преку… Мајката лично им кажала на операторите дека го пронашла синот. Телото на жртвата било пронајдено во 16 часот и 13 минути. Го превртеле телото, мајката го идентификувала – изјавил за руските медиуми пријател на убиениот.
Мељников има 21 година. Во септември, етичкиот комитет на Руската фудбалска федерација го суспендираше поради обложување. Претходно, уште петмина фудбалери на „Кванта“ беа дисквалификувани за истиот прекршок во период од шест месеци до 10 години. „Квант“ игра во втора лига.