Фудбалер ,,му врза” шлаканица на својот соиграч па доби црвен картон! Бизарна сцена од Турција го обиколи светот: Вакво лудило одамна не е видено! (ВИДЕО)

Крајно бизарна ситуација се случи на натпреварот од турското првенство во кој силите ги одмерија играчите на Сиваспор и Кајзериспор.

Имено, црвениот картон го заработи фудбалер на гостинската екипа откако му удри шлаканица на својот соиграч. Да, добро прочитавте…

Се играше 23. минута кога Стефан Бахокен заработи исклучување. Камерунецот му удри шлаканица на Мигел Кардосо, што главниот судија не го виде, но ВАР собата реагираше и му сигнализираше на судијата што всушност се случило.

По еден тајмаут поради прекршок, Бахокен влезе во пауза со својот соиграч за да погоди неколку моменти подоцна, а како тоа изгледаше погледнете во приложеното видео:

Инаку, во тој момент семафорот гласеше 2:0, а гостите подоцна доживеаја вистинска катастрофа и загубија со 5:2.