Фудбалските клубови од Саудиска Арабија ќе бидат дел од Лигата на шампионите од 2025 година ?!
Имено, Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија активно преговара со УЕФА за да им дозволи на клубовите од таа земја да учествуваат во Лигата на шампионите почнувајќи од 2025 година – објави веб-порталот Calcio e Finanza.
Според Италијанците, идејата на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија е да им дозволи на екипите од Саудиска Арабија да учествуваат со „вајлд-картата“, каде клубовите ќе можат да добијат право да играат во новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе биде целосно изменет до 2025 година.
За потсетување, бројот на клубови во најсилното европско клупско натпреварување од таа година ќе биде зголемен на 36.
Сега, тоа отвора дополнителни места, а како што планира тамошната федерација, едно од нив ќе добие клубот кој ќе го освои шампионатот на Саудиска Арабија.
Ова ќе им даде на клубовите како Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал уште поголема меѓународна афирмација, како и можност рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите клубови од Европа.
Што се однесува до играчите, тие веќе се блиску до најдобрите клубови на Стариот континент…