Функционер на ОН даде оставка: ОН се немоќни да спречат геноцид

Директорот на Одделот за човекови права на Обединетите нации во Њујорк поднесе оставка поради „неуспехот“ на организацијата да го запре, како што рече, „геноцидот од учебниците“ што се случува во Газа.

Крег Мохибер испрати писмена оставка на четири страници до високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Писмото од 28 октомври се појави во јавноста во вторникот вечерта.

„Уште еднаш гледаме геноцид кој се одвива пред нашите очи, а изгледа дека организацијата на која и служиме е немоќна да го спречи. Ова е учебнички случај на геноцид. Европскиот, етно-националистички, доселетелско-колонијален проект во Палестина влезе во последната фаза, според забрзаното уништување на последните остатоци од автохтониот палестински живот во Палестина“, истакна Мохибер.

Тој ги обвини САД, Велика Британија и поглемиот дел од Европа дека даваат политичко и дипломатско покритие за злосторствата на Израел.

„Тие влади не само да одбиваат да ги исполнат своите договорни обврски „ за да оебзбедат почитување“ на Женевските конвенции, туку тие всушност активно го вооружуваат нападот, пружаат економска и разузнавачка поддршка и даваат политичко и дипломатско покритие за злосторствата на Израел“, наведе Мохибер во писмото.

Од минатиот викенд, израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади од 7 октомври.

Во конфликтот загинаа повеќе од 10.300 луѓе, меѓу кои најмалку 8.796 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли зголемените повици за прекин на огнот, велејќи дека тоа би било „предавање“ на Хамас и „тоа нема да се случи“.