Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видео-технологија.
ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. Фудбалската федерација на Македонија веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности во ФФМ.
Дејан Јакимовски – проектен лидер за имплементација на ВАР информираше дека е одржан првичниот онлајн состанок со ФИФА и дека веќе се дефинирани дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ.
„Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.
Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас, вели Јакимовски, е тоа што е започнале со плановите за едукација на ВАР судии.
„На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот“, информира Јакимовски.
Во периодот кои следува ќе следуваат и активности поврзани со нова битна работа за имплементација на ВАР системот, а тоа е инфраструктурата на стадионите, односно потврдување на минимум потребните услови што секој стадион ќе мора да ги исполни за да добие лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари.
Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА,
Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.
Имплементацијата на ВАР системот во МФЛ претставува значаен чекор кон подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите и зајакнување на духот на фер-плејот.