Трибуналот во Хаг одлучи да дозволи претседателот на СРС Воислав Шешељ и неговите соработници да бидат судени од српските судови.
Хашката одлука стигна до радикалите, но тие се уште не добиле ништо од домашниот суд.
Прашање е и врз која основа домашните судови би можеле да водат постапка против Шешељ и неговите соработници и дали ќе се води некаква постапка.
Во Хаг беше поднесено обвинение против претседателот на СРС Воислав Шешељ и петмина негови соработници за непочитување на судот.
Шешељ претходно изјави дека е подготвен да оди на суд, доколку Трибуналот биде преместен во Кабул.
– Подготвен сум да одам на судење, но имам еден услов. Бидејќи Велика Британија ќе потоне во морето и тоа ќе предизвика голем бран во Северното Море да ја зафати цела Холандија, не би сакал во тој момент да бидам во Шевенинген и да се удавам таму како стаорец. Барам Трибуналот прво да се пресели во побезбедна земја. Најдобро би било да одиме во Кабул – изјавил Шешељ за „Новости“.