“Електропривреда Србија” се опоравува од невиден хакерски напад, крипто тип, кој не го загрози на ниеден начин производството или снабдувањето со електрична енергија, а сите активности во трговијата со електрична енергија се одвиваа непречено, со почитување на преземените обврски.
Преземени се сите заштитни мерки со цел да се зачува системот и да се заштити безбедноста податоци. Од безбедносни причини, ИТ-системите се ставени надвор од функција додека експертите за ИКТ не бидат апсолутно сигурни дека вирусот е елиминиран.
Бараме трпение од корисниците на порталот „Account Insight“, бидејќи поради преземените заштитни мерки, отежната работа на порталот. За хакерскиот напад се информирани надлежните државни органи и преземаат мерки од нивна надлежност.
“Електропривреда на Србија” не е исклучок, бидејќи хакерските напади се случуваат сè почесто низ Европа и светот. Неодамна во слична ситуација се најде и Holding Slovenske elektrane, словенечката електро индустрија.