ХАЛАНД КУПИ ЅВЕР НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА: Норвежанецот плати 3 милиони евра за еден од најексклузивните автомобили на денешницата

Фантастичниот напаѓач на Манчестер Сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд , доби вистински автомобилски бисер во својата колекција вреден вртоглави 3,2 милиони евра!

Силниот напаѓач купил Mercedes-AMG One , пишува норвешкиот весник Dagens Naeringsliv.

Тој е еден од најексклузивните автомобили во светот , бидејќи се произведени само 275 примероци, а при купувањето, Халанд се здружил со неговиот пријател од детството, норвешкиот колекционер на автомобили Оле Ертваг.

Потребни се 7 секунди за да се постигне брзина од 200 km/h , додека 300 km/h се постигнува за 15,6 секунди. Автомобилот е опремен со мотор од 1.063 коњски сили и достигнува максимална брзина од 352 km/h.

Халанд, инаку, е голем љубител на луксузни автомобили и веќе има Rolls Royce Cullinan (350.000 евра), Audi RS6 Avant (140.000 евра), Range Rover Sport (140.000 евра) и Mercedes-AMG GLE (105.000 евра) во неговата колекција.