ХАЛАНД МОРА ДА РАБОТИ ТРИ ДЕНА ЗА ОВА ЧУДО НА ТРКАЛА: Цената е вистинска ситница – само 320.000 евра!

Ерлинг Халанд ги тероризира голманите во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Оваа сезона постигна 45 гола во сите натпреварувања и покажа класа.

Пред неколку дена Ерлинг Халанд го откри еликсирот на неговиот успех. Тајната се крие во обичното кравјо млеко, кое силниот Норвежанец го пие околу два литра дневно .

Сепак, малкумина знаат дека Ерлинг Халанд е вљубен во автомобилите. Англиските медиуми открија дека тој викендов се почастил со ново милениче. Имено, станува збор за луксузен теренец Rolls-Royce Cullinan Lux SUV.

Тој дојде со него на последниот тренинг, а англиските папараци не можеа да го пропуштат. Нивните колеги веднаш се погрижиле да ја дознаат цената. Без додатоци основниот модел на овој теренец чини 320.000 евра!

Халанд е еден од најплатените фудбалери во светот. Со нето неделен приход од околу 985.000 евра, Норвежанец може да купи луксузен теренец по три дена „трчање наоколу“.

Кулинан го доби името по најголемиот дијамант во светот. Но, моќниот теренец на Rolls-Royce не е единствениот скап автомобил за напаѓачот од светска класа.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, Халанд има и Audi RS 6 Avant и Range Rover Sport (минимална цена од по 140.000 евра). За време на неговиот престој во Борусија Дортмунд, тој возел и Mercedes-AMG GLE Coupe (околу 100.000 евра).