Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат поради неверојатниот подарок што ѝ го купи на својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен.
Норвешкиот напаѓач и ѕвезда на Манчестер Сити не штедел пари и ѝ подарил на својата партнерка ултра ретка чанта вредна дури 390.000 евра.
Станува збор за луксузна чанта Hermès Birkin 25 Himalaya Niloticus Crocodile украсена со дијаманти, која може да се добие само преку аукции, од кои една е познатата куќа Madison Avenue Couture.
Изабел ја покажа својата нова чанта на Инстаграм во среда, позирајќи во елегантен портокалов фустан додека го држеше реткиот моден додаток.
Интересно е што Халанд и Изабел се запознале како деца, во младинската академија на норвешкиот клуб Брине, каде што двајцата играле фудбал. Двојката ја започнала својата врска додека Ерлинг играл за Борусија Дортмунд, а Изабел редовно го посетувала.
Изабел, која беше доста повлечена до ноември 2024 година, сега има над 100.000 следбеници на Инстаграм.
Инаку, Манчестер Сити ја заврши сезоната дури на крајот на јули и на играчите им е потребен одмор, па затоа ќе имаат само еден пријателски натпревар против Палермо на 9 август пред да ја започнат новата сезона во Премиер лигата против Вулверхемптон.
Фотографиите со ретката чанта доаѓаат кратко откако двојката беше видена во Рим, каде што заедно присуствуваа на модната ревија на Долче и Габана Алта Мода на 14 јули. Патем, Халанд е амбасадор на Долче и Габана од 2023 година, со договор вреден дури 2,36 милиони евра.
Парот претходно уживаше на одмор на Ибица, каде што беа видени на јахта со мајката на Изабел и нивното дете, родено во декември минатата година. Парот сè уште јавно не го открил полот или името на бебето, и велат дека приватноста е врвен приоритет.