Халанд прогласен за најдобар фудбалер на сезоната

Норвешкиот фудбалски ас и фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во изборот на Англиската асоцијација на фудбалски новинари (FWA), а титулата за најдобра фудбалерка и припадна напаѓачката на лондонски Челзи, Сем Кер.

FWA во соопштението наведе дека 22-годишниот Халанд наградата ја доби со 82 отсто гласови.

До оваа посакувана титула Халанд дојде пред конкурентите Букаја Сак и Мартин Одегард од Арсенал. Постигнувајќи 35 голови во Премиер лигата, Халанд го собори рекордот во бројот на постигнатите голови во сезоната. Во сите натпреварувања оваа сезона постигна 51 гол.

ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН