Хамас: Би го поддржале руското посредување во решавањето на конфликтот со Израел

Марузк, исто така, рече дека верува оти САД сакаат посредници во решавањето на конфликтот да бидат или Катар или Египет, додека Израел го сака истото како Америка, која, од друга страна, „не сака Русија да учествува во процесот“.

Палестински Хамас би го поддржал руското посредување во решавањето на палестинско-израелскиот конфликт, но Израел не сака да се согласи со тоа бидејќи ги следи само позициите на САД, изјави член на бордот на директори и шеф на Одделот за надворешни односи oд Хамас, Муса Абу Марзук.

– Го поздравуваме руското посредување во конфликтот со Израел, но тие не одговорија иако од самиот почеток побаравме Москва да се вклучи во процесот. Како што знаете, посредникот треба да биде одобрен од двете страни – рече тој, пренесе „Спутник“.

Марузк, исто така, рече дека верува оти САД сакаат или Катар или Египет да бидат посредници во решавањето на конфликтот, додека Израел го сака истото како Америка, која, од друга страна, „не сака Русија да учествува во процесот“.

-Сепак, Хамас сака Русија да игра важна улога на Блискиот Исток. Тоа одговара на интересите на угнетените народи и создава рамнотежа меѓу големите сили во регионот – додаде тој.

Претставниците на Хамас неодамна ја посетија Москва и се сретнаа со бројни руски претставници.