Хамас вели дека тешките барања на Нетанјаху за договор доведоа до смрт на заложниците

Високиот функционер на Хамас, Калил ал-Хаја вели дека строгите барања на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за договор за прекин на огнот се причина за смртта на заложниците држени во Газа.

„Одговорот на Нетанјаху на нашето прифаќање на документот претставен од [американскиот претседател Џо] Бајден беше заобиколен, проследен со наметнување на неколку нови услови. Нетанјаху инсистираше да остане во Филаделфија и Незарим [ходниците] и одби да ги ослободи нашите постари затвореници кои отслужуваат доживотна затворска казна“, изјави Ал Хаја за Ал Џезира.

„Не сме заинтересирани да преговараме за новите услови на Нетанјаху. Движењето одлучува да не прави компромиси за предлогот од 2 јули“, додаде тој, пренесува Телеграфи.

Од друга страна, борбите продолжуваат во Газа, каде што десетици Палестинци се убиени, а многу други се повредени.

А низ улиците на израелските градови се организираат протести на кои илјадници граѓани блокираа се и бараат постигнат договор за ослободување на заложниците.