Израелските одбранбени сили денеска беа во заседа од милитанти на Хамас кои излегоа од тунел во близина на границата на Појасот Газа!
Воената команда објави драматична снимка на која се гледаат тенкови и булдожери како се фрлаат низ северниот дел на Појасот Газа, а копнените сили наводно убиле неколку милитанти за време на судирите, според Дејли Меил.
– Војниците кои оперираа во близина на преминот Ерез идентификуваа неколку терористи кои излегоа од тунелот во Појасот Газа. Тие влегоа во битка убивајќи неколку терористи и ранувајќи други. Во исто време се случија уште неколку битки во кои беа елиминирани терористите – соопштија израелските сили во објава на социјалната мрежа Х.
Се огласи и военото крило на Хамас.
— Pluton (@Pluton45873221) October 29, 2023
Нашите борци моментално се во тешки борби со митралези и противтенковско оружје со окупаторските (израелски) сили во северозападниот дел на Газа – изјавија бригадите Ал Касам.
Хамас претходно објави видео на кое се гледа ноќен судир источно од Газа.
На видеото се гледа како проектил истрелан од преносниот систем „Корнет“ директно погодува колона израелски оклопни возила. Според неофицијални информации, проектилот погодил оклопен камион „Пантер“ кој може да превезе 12 војници.
ИД засега не објави никакви загуби.
Да потсетиме, израелските воздухопловни сили употребија бомба позната како „пробивач на бункер“ во напад на мрежата тунели што ја користи палестинската екстремистичка организација Хамас во Појасот Газа.