ХАМАС КОРИСТИ РУСКИ ХОСТИНГ !? Шокантно откритие на безбедносните експерти: “Русија е поврзана со нападот“

Военото крило на Хамас, Ал-Касам, наводно ја преместило својата веб-страница на руски хостинг неколку дена по нападот врз Израел.

Ова го објавија експертите на Insight Group, оддел на приватната разузнавачка компанија Recorded Future, која се занимава со истражување на закани.

Веб-страницата на Ал-Касам беше недостапна по 7. октомври, кога започна инвазијата на Хамас врз Израел. Од 11. октомври, страницата започна да користи неколку различни IP адреси, веројатно за да се заштити од блокирање и напади на одбивање на услугата (DoS). Тој ден, тие се префрлиле на руска IP адреса и корсителе VDSin хостинг услуги од Hosting Technologies од Москва. Пред тоа, страницата користеше украинска IP адреса повеќе од две години.

Московскиот провајдер работи од 2014 година. Има центри за податоци во Москва и Амстердам.

Медиумот Meduza наведува дека хостинг VDSina бил користен и за официјалната веб-страница на Хамас. Веб-страницата на групата наводно е хостирана на серверите на друга руска компанија, Selectel. Претставникот на компанијата Лев Левиев, пак, ги демантираше таквите информации и вели дека страницата ја користи само услугата DNS што ја дава Selectel како дел од евалуацијата на нивните услуги и дека е оневозможена откако се префрлила на новата услуга DNS.

Истражувачите на групата Insight Group, исто така, открија непозната мрежа на домени за кои се верува дека се поврзани со Хамас користејќи го истиот код на Google Analytics (UA-53251638) како веб-страницата на Ал-Касам. Истиот код претходно беше пронајден на сајтови поврзани со хакерската група TAG-63 поврзана со Хамас.

Еден израелски политичар, да потсетиме, упати остри закани до Русија поради нејзината поддршка за ПалестинаАмир Вајтман, првиот човек на слободарскиот клуб во Ликуд, се појави на руската државна мрежа RT и упати низа закани кон Русија поради нејзината поддршка за Палестина.

војнаИзраелИнтернетПалестинаХамас