Израел, преку посредници од Египет и Катар, ги добил имињата на тројцата заложници кои Хамас вели дека ќе ги ослободи во сабота, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тоа се Саша Труфанов (29), Сагуи Декел-Чен (36) и Јаир Хорн (46).
Од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху велат дека списокот е прифатлив и дека семејствата на заложниците го одобрија објавувањето на имињата.
Во спротивна насока, Израел утре ќе ослободи 369 палестински безбедносни затвореници како дел од шестата размена на заложници и затвореници, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас, меѓу кои 36 од нив отслужуваат доживотна казна.
Претходно оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп го повика Хамас да ги ослободи „сите израелски заложници“ до сабота попладне, но јасно е дека ништо нема да излезе од тоа.
„Што се однесува до мене, ако заложниците не бидат вратени до 12 часот во сабота, што мислам дека е доволно време. Би рекол дека треба да откажат сè и да го остават пеколот да пукне. Мислам дека треба да бидат вратени до 12 часот во сабота“, рече Трамп.
Нетанјаху по изјавата на Трамп рече: „Ако Хамас не ги врати нашите заложници до сабота напладне, прекинот на огнот ќе биде прекинат, а ИД ќе се врати во интензивни борби додека Хамас конечно не биде поразен“.
Така, Нетанјаху директно не кажа дека очекува до сабота попладне да бидат ослободени сите заложници.