ХАМАС ОСЛОБОДУВА УШТЕ ЗАЛОЖНИЦИ: По две Американки, утре ќе бидат ослободени уште две жени

Хамас најави дека утре ќе ослободи уште две заложнички.

Бригадите Ал-Касам соопштија дека се подготвени утре да ги ослободат двете притворенички „Нурит“ и „Јохвед“, со истите процедури кои следеа по вчерашното ослободување на двете Американки.

Да потсетиме, Американките, мајката и ќерката, Џудит и Натали Ранан , беа ослободени вчера, две недели откако беа киднапирани од Хамас. Како што соопшти милитантната група, тие биле ослободени поради лошата здравствена состојба на мајката .