– Хамас се огласи за планот на Германија да испрати околу 10.000 парчиња тенковска муниција во Израел и предупреди дека тоа претставува „заземање страна во геноцидната војна против Палестинците во Појасот Газа“.
Во соопштението на Хамас се вели дека германскиот план „ја носи целата политичка и морална одговорност за воените злосторства извршени од нацистичката ционистичка (израелска) Влада.
Во соопштението се нагласува и дека тоа ќе ја направи Германија директен партнер во војната против палестинскиот народ.
„Се чини дека Германија ја репродуцира својата историја полна со гревови против човештвото, и не ја спречиле сите научени лекции од неодамнешното минато. Изјавуваме дека нашиот народ нема да заборави или прости на оние кои учествуваа во нападот врз неа и му дадоа заштита на овој убиствен непријател кој ги прекрши сите табуа“, се вели во соопштението.
Во текстот на магазинот „Шпигел“ беше објавено дека германската Влада начелно била позитивна кога станува збор за дозволување испорака на тенковска муниција во Израел.
Во ноември минатата година, израелската Влада побара од Германија приближно 10.000 единици тенковска муниција калибар 120 мм, а за тоа барање во голема тајност разговараа премиерот, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и Министерството за економија.