Хамас: Повеќе од десет загинати во напад на израелски авиони врз училиште под раководство на ОН во Газа

Повеќе од десет лица загинаа во понеделникот во израелски воздушен напад врз училиште управувано од Обединетите нации (ОН) во бегалскиот камп Буреиј во Појасот Газа, соопшти палестинската група Хамас.

„Ова е грозоморно злосторство и чин на презир кон Агенцијата на ОН за бегалци УНРВА и ОН“, се вели во соопштението на Хамас.

Се повикува на итна акција „да се запре таргетирањето на цивилите во училиштата заштитени со меѓународното право“.

Израелската армија се уште не ја коментирала информацијата.

Најмалку 13.000 Палестинци се убиени, меѓу кои 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 луѓе се повредени откако Израел почна да го бомбардира Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните израелски воздушни и копнени напади врз опколената енклава.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е околу 1.200.