– Членот на политичкото биро на Хамас, Гази Хамад, изјави дека се подготвени да ги ослободат сите израелски војници доколку Израел ги пушти сите палестински затвореници од израелските затвори.
Хамад за телевизискиот канал „Ал Џезира“ го коментираше договорот за размена на заробеници меѓу Израел и Хамас.
Тој истакна дека стриктно и внимателно се придржуваат до договорот, додавајќи дека во моментов трае процесот на размена на заробеници и прекин на нападите.
Хамад рече дека камионите со помош сѐ уште не пристигнале во Газа и дека се во контакт со Обединетите нации за ова прашање.
Додаде дека работат на можноста за продолжување на хуманитарната пауза, која вклучува четиридневна пауза во судирите.
„Се обидуваме да сториме сѐ за да го продолжиме примирјето и да ги запреме израелските напади. Одржуваме состаноци со посредници за решавање на ова прашање“, рече Хамад и додаде дека се залагаат и за решавање на прашањето на израелските заробеници во Газа.
„Во контакт сме со посредници за да можеме да го спроведеме тоа и на терен. Заинтересирани сме да се ослободат што повеќе затвореници. Се разбира, тоа зависи од она што ќе се случува на теренот. Немаме проблеми околу тоа да ослободиме уште заробеници“, рече Хамад.
Се осврна и на прашањето за ослободување на заробените израелски војници.
„Доколку Израел ги ослободи сите палестински заробеници, ние сме подготвени да ги ослободиме заробените израелски војници што ги имаме“, рече Хамад.