Палестинската милитантна група Хамас на својот канал Телеграм објави дека одлуката за напад врз Израел е „целосно палестинска“ и дека Иран и либанската милитантна група Хезболах не се вмешани, пишува Гардијан.
Новинарот на британскиот весник на своја сметка на платформата Х објави делови од соопштенијата во кои меѓу другото се вели дека нападите во саботата биле „одбранбена акција во која цел биле само базите на израелската армија. “
„Би сакале да нагласиме дека има јасни инструкции да се избегне таргетирање на цивили и нивно убивање. Тие беа фатени во вкрстен оган“, се вели во соопштението на Хамас.
Нема заложнички разговори додека не престанат нападите врз Газа
Таа група, исто така, рече дека „никаков документ за заложниците нема да биде отворен“ додека не престанат нападите на израелските одбранбени сили (ИДФ) на Појасот Газа.
Се додава дека Хамас ќе се грижи за своите затвореници според правилата на меѓународното хуманитарно право, пренесува Танјуг.