Израелските истражители кои ги истражуваа последиците од бруталните напади на 7 октомври пронајдоа докази дека и мажите и жените претрпеле сексуално насилство и силување од напаѓачите на Хамас и Исламскиот џихад , според активистите, пишува Дејли мејл.
Јел Шерер, портпаролка на израелската група за застапување на жртвите на сексуално насилство, рече дека има физички докази, како и изјави на очевидци за сексуално насилство извршено врз двата пола за време на нападот.
– Имаше сексуално насилство и силување во овие заедници на југот на Израел… имаме неколку преживеани, не многу, од двата пола. Тоа не им се случи само на жените, тоа им се случи и на мажите – изјави таа за Би-Би-Си Радио 4.
– При наоѓањето на телата на убиените видовме дека многу тела се осакатени… терористите се погрижија да ги посрамотат и обесчестат тие луѓе – додаде таа.
Овие податоци беа откриени во моментот кога израелската полиција ја отвори најголемата истрага за сексуално насилство и злосторства врз жени досега во земјата, пишува Дејли Мејл.
Шефот на истрагата Шели Харуш рече:
– Сега е јасно дека сексуалните злосторства биле дел од планот и дека целта била да се заплашат и понижуваат луѓето.