Портпаролот на Хамас рече дека „не станува збор за прекин на огнот“ бидејќи Израел ја ескалира војната.
Хазем Касем од екстремистичкото палестинско движење изјави дека Израел започнува „агресија врз цивилите“ и дека не може да се зборува за примирје.
– Рано е да се зборува за посредување бидејќи бојното поле одредува кој ја контролира ситуацијата – изјави Касем за РИА Новости.
Касем додаде дека дискусијата за заробените израелски војници ќе започне по завршувањето на операцијата.
Бригадите Ал Касам (военото крило на Хамас) претходно објавија дека заробиле десетици израелски војници и офицери.
– По завршувањето на битката ќе зборуваме за заробените израелски војници – изјави Касем за РИА Новости и нагласи дека ова прашање е во надлежност на бригадата Ал Касам.
Египетските преговарачи, според Wall Street Journal, претходно не успеале да ги убедат палестинските фракции да ги ослободат израелските заложници.
– Преговарачите не беа во можност да ги убедат палестинските фракции да ги ослободат ранетите израелски заложници – пишува весникот, повикувајќи се на неидентификувани извори од египетската влада.
Се забележува дека неуспешни биле и обидите на шефот на американскиот Стејт департмент Ентони Блинкен да ги намали тензиите преку телефонски разговори со колегите од регионот.