Покривањето на лицето со хиџаб или бурка ќе биде забрането во училиштата во градот и сојузната покраина Хамбург.
„Училиштето и покривањето на лицето не одат заедно. Гледањето на лицето на соговорникот е важно за комуникација“, вели Нилс Хансен, експерт за образование во огранокот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Хамбург.
Сите претставнички групи во покраинскиот сенат, освен партијата Левица, гласаа за усвојување на закон со кој ќе се дозволи забрана за покривање на лицето.
Правната иницијатива беше покрената откако судот во Хамбург во 2020 година ја прифати тужбата поднесена од 16-годишна ученичка која се пожали дека била избркана од часови поради носење хиџаб. Судот потоа ја образложи одлуката велејќи дека нема законска основа за таква забрана.
Хансен објасни дека хиџабот во училиштата во Хамбург не е масовна појава и дека се работи за ретки случаи, но донесувањето на законот го оправдува со потребата училиштата да можат да се повикуваат на законот во своите одлуки.
Сè уште е дозволено носење заштитна маска како заштита од инфекција и шамија како покривка за главата.
Во Германија постојано се поставува прашањето за забрана на покривање на лицето од религиозни причини, а бидејќи образовната политика е одговорност на сојузните држави, прашањето не е униформно решено низ целата земја.
Во последниве недели во Хамбург се одржаа исламски протести со барање за воведување шеријат во Германија.